3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Првaта група вработени од Еурокомпозит заминуваат како технолошки вишок

Од денеска во „Еурокомпозит 11 Октомври“ работниците ги подигнуваат решенијата за технолошки вишок и се пријавуваат во Центарот за вработување Прилеп. Опфатени се 130 вработени кои ги исполнуваат условите за прогласување технолошки вишок.
Според Роберт Богданоски, претседател на синдикалната организација, договорено е на 30-ти овој месец да почне да се исплаќаат работниците што е околу 100.000 евра.
– Работниците прогласени за технолошки вишок договорено е да добијат линеарно по 50.000 денари, а остатокот за два до три месеца. Со Владата е постигнат договор во меѓувреме да се извршат измените во Законот за технолошки вишок да бидат опфатени и овие работници, односно да има важност до 31 декември. Во тој случај работниците ќе имаат право да бидат под Бирото за вработување до пензионирање и да добиваат надомест од 34 проценти од просечната републичка плата. Во спротиво, ќе имаат право една година на надомест од околу 4.000 денари. Се надеваме дека најавата ќе биде исполнета. Инаку, добивме одобрение за технолошки вишок да бидат прогласени уште 24 работници чија постапка е во тек и ќе се одвива во декември, вели Богданоски.
Во просек сите прогласени за технолошки вишок секој од нив треба да добие отпремна во висина од околу 1.500 евра.
Со завршувањето на процесот за прогласување на технолошки вишок на вкупно 154 работници, во компанијата остануваат околу 75 вработени. Додека оваа постапка е во тек, не се работи, зашто ќе биде неопходна реорганизација. Според Богданоски има најава дека веќе еден инвеститор бил заинтересира за „Еурокомпозит“. Доколку тоа се оствари и компанијата се продаде новиот сопственик треба да им ги исплати заостанатите побарувања на вработените -исплата на придонеси за шест години и заостанати 18 плати.

Би можело да ве интересира

Двојно поголема вештачка трева за подобри услови за параглајдинг

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО) Општинска обврзница за инфраструктурни и комунални проекти за Прилеп

Гордана Цветаноска

Николоска: Британскиот сој на вирусот е 100% доминантен во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе