ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО) Радио Пела го предизвика интересот на светските медиуми

1.039

Единствениот електронски медиум со седиште во рурална општина во Македонија – Радио Пела, го предизвика вниманието кај светските медиумски мрежи. ТВ Ал Џезеира Балканс со центар во Сараево БИХ, телевизиска мрежа која се емитува на неколку јазици во целиот свет непосредно пред божиќните празници го посети студиото на Радио Пела во Кривогаштани. Во време кога класичните електронски медиум радија и телевизии кај нас, но и во светот, се затвораат, Радио Пела „изникна“ како локално радио во срцето на Пелагонија и со тоа покажа дека храброста е основа на новинарската професија. Зошто токму тука, и која беше идејата, беа основните прашања на дописничката на Ал Џезеира за Македонија колешката Маја Блажеска Евросимоска.

 Ова е линк до репортажата:

 


„Во време кога радиото е се помалку атрактивна и финансиски напорна работа, две новинарки во Македонија ја формираа единствената рурална радио станица во оваа земја. Тие сакаат да бидат глас на жителите на три мали општини во близина на Прилеп, во југозападниот дел на земјата. Како да управувате со медиумите во овие услови?“ – прашува во приказната Маја Блажевска Евросимоска дописник на една од најпознатите светски телевизиски куќи Ал Џезеира.

Кратката ТВ репортажа од 3 минути и 35 секунди се емитуваше во централните вести од 16 и 18 часот вчера, на 13 ти јануари на ТВ Ал Џезеира Балканс.

„Три децении во новинарството. После затворањето на Радио Прилеп, Елизабета и Гордана ја формираат единствената рурална радио станица во Македонија Радио Пела. Повеќе од 1 година им се обраќаат на слушателите во општините Кривогаштани, Крушево и Долнени. Елизабета е некогашен дописник на светскиот сервис на ББС, а Гордана во својата биографија има една деценија работа во медиумите во Австралија“, вели во најавата на кратката репортажа Евросимовска.

„Рурално, но напредно, за повеќе од една година прераснуваат во втора по слушаност радио станица во Македонија,“се вели меѓу другото во приказната за Радио Пела, каде свое место има дел од тимот на нашето радио – главниот технички реализатор Димитар Алексоски, како и нашите популарни надежи од емисијата „Од млади за млади“ Христијан Пусоски и Михаела Петреска.

Воедно, телевизиската екипа направи и разговори со жителите во Кривогаштани.
Оригиналната ТВ кратка репортажа за Радио Пела можете да ја проследите на јутуб каналот на Ал Џезеира Балканс, како и на Јутјуб каналот и Фејсбук фан страна на Радио Пела.

 

Благодарност до ТВ екипата на Ал Џезеира спред девизата „Да ги раскажеме – нераскажаните приказни“.
Приказната за Радио Пела на светскиот ТВ сервис Ал Џезеира беше најубавиот подарок за екипата на Пела во новата година, со надеж дека оваа приказна ќе се прераскажува уште долго во служба на професионалното информирање и новинарството.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: