11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Од март, нова услуга на сметките за прилепчани од ЈКП ВиК

Не постои начин да се избегне плаќањето на услугата за пречистување на урбаните води преку Пречистителната станица. Тоа се европски пари со строга намена, таа мора да продолжи да работи и треба да се одржува од средства од граѓаните. Новата ставка за услугите на Јавното комунално претпријатие Водовод и Канализација Прилеп за прочистување на отпадните и урбаните води ќе се применува од наредниот месец за жителите на град Прилеп.

– Цената на водата не поскапува. Со функционирањето на Пречистителната станица, согласно законската регулатива, се утврди цена за нова, сосема засебна услуга – пречистување на урбани отпадни води. Цената на водата останува иста, 26,22 денари за метар кубен. Согласно Законот за утврдување на цени на водни услуги, со ставањето во функција на Пречистителната станица, се воведува нова тарифа за пречистување на урбани отпадни води“, изјави на денешната прес конференција директорот на ЈКП Водовод и Канализација Емил Јанески.

 

Новата услуга за прочистување на отпадните, урбани води, изнесува 17,35 денари по кубен метар потрошена вода. На последната редовна 24 редовна седница Советот на Општина Прилеп донесе Одлука со која Пречистителната станица му се додели на управување и стопанисување на ЈКП „Водовод и канализација“. Со тоа, се заокружи 10 годишниот процес за проектот Пречистителна станица кој е започнат 2008 година, кога е склучен четирипартитниот Договор за корестење на пари од европските фондови за прочистување на отпадните води од канализациониот систем на град Прилеп.
Проектот е вреден 23 милиони евра, од кои 17 милиони се обезбедени од ИПА програмата на Европската Унија, а останатиот дел од буџетот на Република Македонија. Основниот услов е по изградбата да се обезбеди самоодржливост за новата услуга – третман на урбани отпадни води. Објектот има капацитет за опслужување на 95 илјади жители. Пречистителна станица една од најголемите во Македонија која ги третира и прочистува отпадните води и со тоа придонесува за заштита и унапредување на животната средина и здравјето на луѓето . Со оваа станица пречистената вода ќе се враќа во Градската река, со можност да се произведува биогас од отпадните и канализационите води.
Моментно, во Пречистителната станица вработени се 25 лица.
Инаку, на истата, 24 седница на Советот на општината, кога Пречистителната станица беше предадена на менаџирање на ЈКП ВиК, за прв пат, беше донесена одлука за субвенцирање на сметките од ова комунално претпријатие, за социјално ранливите семјства, со што, околу 500 социјални семејства се ослободуваат од плаќање за потрошени пет кубни метри вода месечно.

Би можело да ве интересира

ВНИМАТЕЛНО: Магла го попречува движењето на сообрајќајот – Прилеп во магла два дена

Пела Редакција

Граѓаните да не се плашат од притисоци – порача претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицковски од Прилеп

Елизабета Филипоска

„Замрзнатите“ цени на храната ќе важат до 29ти февруари

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе