CSS Template

Чешка ќе ја поддржи Македонија за влез во ЕУ и Нато

320

„Република Чешка ја поддржува Р. Македонија во нејзините заложби за влез во НАТО и ЕУ“ – ова денска го истакна чешкиот амасадор во Р.Македонија, Мирослав Томан кој имаше средба со прилепскиот градоначалник и преставниц од локалната власт од секторот за Локален економски развој, како и со преставниците од Регионална стопанска комора –  Прилеп. Повод на средбите беше проширување на  соработката, како на државно,така и на локално ниво.

„Разговаравме со амасадорот за економијата и стопанството на овие два народа, не го заборавивме ниту културниот дел и туризмот. Разговаравме и за тоа како да ги задржиме во земјата младите, се помалку да има одлив на стручњаци и млади во други земји“, – изјави  прилепскиот градоначалник, Илија Јованоски.

“На средбата со градоначалникот разговаравме за многу прашања, меѓу нив и за соработката што може да се оствари меѓу Чешка и Македонија и Општина Прилеп. Отворивме теми од сферата на спортот, културата, трговијата, па дури итема екстремни спортови, што се карактеристика на Прилеп. Исто така проговоривме и за отворањето на фестивалот на пивото. Беше споменато дека и Чешка Република би можела да учествува на тој настан, така што ќе дојде до натперевар меѓу нашето и вашето пиво. Меѓутоа главниот акцент беше ставен на соработка во областа на културата, образование и економијата.Искрено, се надевам дека ќе се изнајдат проекти, што ќе ги задржат младите Македонци да останат овде и што ќе дадат потенцијали и можности за работа и развој во својата земја, која што за многу кратко ќе стане дел од Европската унија“, истакна амбасадорот Томан.“

Делегацијата ,неговата  екселенција, Амбасадорот на Република Чешка во Република Македонија г-дин Мирослав Томан, заменик-амбасадорот г-дин Јосеф Брож и советникот за економски прашања во амбасадата г-ѓа Миа Павловск  имаа договорна  средба и  со претеседателот на Регионалнат стопанска комора –Прилеп и преставници од бизнис секторот, со кого разговараа за можните соработки на двете држави на економски план.


semm
Vivafarm
Penata
Farma Dolneni
Kreas