ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Димковски: До 29 февруари, во целост ќе биде откупен тутунот

430

Тутунарите да не подлегнуваат на манипулации. Секој килограм тутун од реколтата 2019 ќе биде откупен. Инспекторатот има засилени контроли на терен, нема простор за паника, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостпанство Трајан Димковски.

Како што изјави Димковски, досега се откупени 93,4 отсто од тутунот, а останатите седум проценти се очекува да бидат преземени за најдоцна 10-тина дена.

– До 29 февруари, кога истекува и законскиот рок, во целост ќе бидат откупени и останатите седум отсто тутун. Производителите нема да бидат оставени на цедило. Ако се утврдат неправилности при откупот, ќе следуваат казни за откупните компании, нагласи министерот.

Просечната откупна цена во моментов е 220,8 денари за килограм што, како што оцени Димковски, е највисока просечна цена досега. Вредноста на откупениот тутун е над 5,4 милијарди денари или двојно повеќе од 2014 година кога вкупната вредност беше 2,9 милијарди.

– Овие податоци се доволен доказ за домаќинското и одговорно работење на Министерството. Загриженоста на дополнителниот замменик-министер Цветан Трипуновски кој има кривична пријава за злоупотреба на службена должност, најдобро се гледа од периодот 2015-2017 кога токму тој беше директор на Инспекторатот и го контролираше откупот. Во 2015 година просечната цена на тутунот беше 184 денари за килограм, а во 2016 година 196,8 денари, рече Димковски.

Одговорајќи на новинарско прашање, информира дека досега нема ниту едн ажалба до Второстепената комисија за нерегуларности при откупот.

Претпладнево, тутунари од Прилепско еден час го блокираа магистралниот пат Прилеп-Градско. Го изразија својот револт од, како што рекоа, нереалната проценка на тутунот.

извор: МИА

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: