17.2 C
Прилеп
сабота, 10 мај, 2025
Пела Радио

До 10 ти јуни учениците нема да се вратат во училишните клупи

До крајот на учебната година, наставата во основно и во средно образование учениците ќе ја следат онлајн. Ова значи дека учениците до 10 јуни нема да се вратат во училишните клупи.

Ова, го изјави министерот за образование и наука, Арбер Адеми, на прес-конференција, говорејќи за сетот образовни мерки коишто Владата ги донесе денеска на седница.

Државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа година се укинати, што значи дека учениците ќе добијат диплома за завршено средно образование со иста важност како и во претходните години.

На овој начин матурантите ќе можат да бараат работа или да го продолжат високото образование на факултетите.

Уписот на првачињата наместо во мај ќе почне во јуни, а списоците со запишани ученици училиштата ќе ги објават најдоцна до 15 јули.

Би можело да ве интересира

За готвач, слаткар, угостител, хотелијер прав избор СОУ „Наум Наумовски – Борче“ – Крушево

Елизабета Филипоска

Од 20 до 25 јуни прво пријавување за упис во средните училишта

Прилепските родители преку мирен протест им рекоа „не„ на дигиталните учебници

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе