18.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Филм +музика + поезија = Реобмислување, поинаква форма од оригиналот +ДДВ

Со музика од Бранислав Николов и Гоце Јованоски и филмска поезија од Дејан Трајкоски, во понеделник (22 август) во Прилеп ќе се одржи првата изведба на
проектот „Реобмислување II: филм, музика и поезија“. Место на случување е Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп (Галерија) – од  20 часот.
Втората изведба ќе се случи следниот ден (23 август) во Дом на култура „Илинден“ Демир Хисар.
Интердисциплинарниот проект во развој подразбира фузија на поезија, филм и музика. Се работи за песни инспирирани од сцени од повеќе филмови. Поезијата од Трајкоски ќе биде изведувана од Бранислав Николов, со музика создадена од Николов и Јованоски, инспирирана од оригиналните филмски композиции.
Идејата на проектот е реобмислување на едно уметничко дело и создавање ново, во сосема поинаква форма од оригиналното.
Настанот ќе може да се проследи и во живо преку стрим.
Проектот се реализира со поддршка на Министерството за култура, и Домовите на култура во Прилеп и Демир Хисар.

Би можело да ве интересира

Tрадиционалeн концерт во негување на македонската песна

Елизабета Филипоска

„Франкенштајн“, „Едвард Втори“ и „Демонот од Дебар Маало“ на МТФ „Војдан Чернодрински“

Пела Редакција

Кои жени ја одбележиле македонската книжевност во 19 век?

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе