ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ФОТО) Изложба на уметничка фотографија „Јордан Зазоски – Зазо“ ,

774

Вечерва ,пред љубителите на добрата фотографија, во ЦК Марко Цепенко, се одржа традиционалната изложба на уметничка фотографија „Јордан Зазоски – Зазо“ ,во организирација  на Фото Кино Клуб „Прилеп“. Изложбата се организира по петти пат и на неа беа изложени 60 фотографии од 45 автори, дела кои само потврдуваат колкав напредок е постигнат во уметничкиот доем на фотографијата како посебен стил на изразување на секојдневието и колкав е напредокот на младите фотографи членови на Фото КЛубот -Прилеп,еден од најстарите клубови во Македонија .Оваа година бројот на учесници е поголем што говори дека има голем број на нови автори, кои се всушност движечка сила на ФКК „Прилеп“. Најдобрите фотографии беа наградени.Дел од изложбата низ фотографии на Радио Пела

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе