ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Фудбалот како семеен код – семејство Најдоски

1.661

Спомени проткаени со фудбал, младост подредена на спортот, семејство кое веќе втора генерација на два континенти живее, работи и гради нови успеси и нови спомени со “бубамарата”. Спасе Најдоски, легендата на двата македонски фудбалски гиганта Победа и Вардар во времето кога фудбалот значеше многу повеќе од игра, искуството и знаењето во врвот на својата кариера го пренесе во Австралија.
Но, за семејството Најдоски – фудбалот се вткаи во нивниот семеен код, секојдневието. Тоа е љубов на која ова семејство го подредува својот животен ритам втора генерација. Љубовта, Најдоски сениор ја пренесе на своите два сина Бобо и Александар кои уште од најмали продолжија по стапките на татка си, иако денес активно остана верен на фудбалскиот терен само помладиот – Александар Најдоски.

Спортот некогаш – денес и легендарната „црна кобра“ Спасе Најдоски

Радио Пела: Твојата генерација фудбалот го играше од љубов и со љубов. Дали тој мерак успешно го пренесе и на твоите два сина?
– Се потрудив на најдобар можен начин љубовта да ја пренесам. Помалиот син е сеуште во фудбалот, а другиот син е само навивач иако беше доста талентиран.

Радио Пела: Играше во време кога на трибините во Прилеп, Скопје, Битола, Нови Сад, Белград, имаше повеќе гледачи за време на тренинзите, од колку сега, за време на цело едно коло од првенствени натпревари во првата лига. На што се должи тоа?
– Во тоа време имаше доста спонзори. Многу поквалитетни тимови во кои имаше многу добри играчи. Публиката идеше да ги гледа но денешниот фудбал е друга слика.

Радио Пела: Фудбалот во Европа и во Австралија. Настапуваше за исклучително ценети екипи во 90 тите години, но кариерата ја продолжи во Австралија. Може ли да направиш споредба?
– фудбалот во Европа е доста поквалитетен. И во тренерски, и во играчки кадар, а особено на финансиски план. Тренинзите се многу поразлични во Европа и се обрнува многу внимание на техниката. А во Австралија повеќе се работи на издржливост, што подразбира многу трчањ, тренензи за кондициона подготвеност. Интересно е што последните 5 години во Австралија се носат тренери и играчи од Европа и од другите континенти каде фудбалот спорт број 1. Исто така се вложува доста за приближување на квалитетот и стилот со евроските стандарди.

Радио Пела: Како е да се настапува на двата континенти поддеднакво успешно, талент, издржливост, упорност, среќа или се заедно?
– Без разлика во кој континент се игра – треба најмногу среќа, па талент и потоа важна е упорноста и истрајноста. Поточно кажано нешто што го сакаш, ако сакаш ќе го направиш.

Радио Пела: Кои совети најчесто му ги даваш на твојот син Александар?
– Патот по кој што тој оди јас сум веќе сум го поминал и се обидувам да го насочам на вистинските чекори. Не сакам грешките што сум ги правел и тој да ги повторува, бидејќи сакам да биде поуспешен во кариерата од мене. Тој има талент, но тоа не е доволно, зашто треба тренирање, но и балансиран одмор, а секако и правилна исхрана. Без сето ова заедно – нема успех.
Радио Пела: Како се мери успехот на еден спортист? Дали се сметаш себе си за успешен?
– Успехот е во тоа колку еден играч ги задоволува вкусовите на тренерот, на публиката и колку долго остане за време на натпреварот. Во секој поглед презадоволен сум од ова што сум го постигнал како играч во неколку познати клубови.

             Ќе направам се да стигнам до Манчестер Јунајтед !

           Австралија е земја на многу можности, а ова значи патишта кои им се отвораат на младите во бизнисот, науката или културата. Но Александар Најдоски својата иднина ја гледа исклучиво и само – во фудбалот. Често патува на релација Македонија – Австралија, настапувал за младите генерации на Вардар, на Скопје. Во Австралија беше дел од Бенкстаун Јунајтед, а денес настапува за Мелита од Сиднеј. Вели дека животна желба му е да игра во Манчестер Јунајтед.„ Црна кобра – јуниор“ игра десно крило, иако има споспобности за повеќе позиции како центарфор и десен бек.    

Радио Пела: Твојата патека на патот до успехот често те води во Македонија, додека твоето семејство е во Австралија, колку може да се научи во македонските клубови?
– Може многу да се научи, зашто мислам дека фудбалот во Македонија и во Европа има повисоки стандарди, станува збор за поголема профионалниост. Исто така има многу подобри и искусни тренери за млади како мене да научат она што го избрале. Повеќе го сакаат фудбалот во Европа.
Радио Пела: Колку ти користат советите на твојот татко, ти помага ли неговото искуство и дали би сакал еден ден да ти биде тренер?
– Татко ми досега многу ми помогна. Без него немаше да го познавам фудбалот, а секако неговото искуство ми значи многу зашто има работи кои не може секој тренер да ги пренесе на играчите.
Радио Пела: Кои се твоите идоли, спортисти кон кои имаш посебна почит и зошто?
– Мојот идол уште од кога бев многу мал ми е Кристијано Роналдо, цел живот го гледам и учам од него и тоа не само за фудбалот туку и за животот воопшто.
Радио Пела: Од досегашните тренери кои би ги издвоил посебно поради начинот на нивната работа со младите фудбалери?
-Од сите тренери досега ми остави впечаток Љупчо Марковски од кого научив најмногу. Ова особено за играта во одбрана што го применувавме во Вардар. Слободно ќе речам дека тој ме направи подобар играч.
Радио Пела: Каде се гледаш себе си по 5 години, во кој клуб и со која екипа би сакал да настапуваш ?
– Од секогаш сум сакал да играм во Англија и тоа за Манчестер Јунајтед. Тоа ми била моја најголема желба и ќе направам се што можам за да стигнам до таму.
Одлучен е во своите намери Александар Најдоски посветувајќи го детството, а сега и младоста на својата, но и на татковата најголема љубов – фудбалот!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: