13.9 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Граѓаните се повеќе осиромаштуваат

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во јуни изнесуваат 39.710 денари и во однос на јануари се зголемени за 3.399 денари или за 9,49 проценти.

Од Сојузот на синдикати на Македонија, каде на месечно ниво ја прават синдикалната потрошувачка кошничка, информираат дека за една година синдикалната кошничка е зголемена за 5.498 денари или за 16 проценти.

Порастот на цените и растот на инфлацијата која од месец за месец е се поголема за месец јуни изнесува 14,5 проценти и влијае врз намалувањето на куповната моќ на работниците и доведува до осиромашување на целокупното население„, оценуваат од ССМ.

Според анализата на ССМ, зголемувањето на минималната синдикална кошничка расте поради порастот на цените. Најголемо зголемување во јуни има кај храната и пијалоците.

И, Државниот завод за статистика измери рекордна инфлација од 14,5 проценти за претходниот месец споредено со истиот месец лани.

„Индексот на трошоците на животот во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, бележи зголемување од 14,5 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 13,7 проценти“, пишува во соопштението на ДЗС.

Согласно податоците кои ги објавува ДЗС се забележува дека има раст на цените кај основните продукти како маслото, лебот, млекото, месото и на месечно ниво.

Би можело да ве интересира

Ристески: Очекуваме над 800 производи да бидат дел од „Новогодишната кошница“(ВИДЕО)

Пела Редакција

ССКМ анализа: супермаркетите не се причината за зголемените цени

Пела Редакција

„Не постои пример во светот каде се носи закон за ретроактивен период“ – ССК на Македонија за новиот данок на екстра профит

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе