16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Хуманост во услови на пандемија – прилепчани даруваа крв

Во просториите на Општина Прилеп денеска се одржа крводарителска акција, на иницијатива на градоначалникот Илија Јованоски, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Во акцијата, според протоколите за заштита од коронавирусот, беа преземени сите безбедносни мерки, истакна градоначалникот Јованоски на он – лајн прес конференција.

– Дарувањето крв е секогаш добра идеја, дури и во актуелни услови на пандемија на КОВИД-19, од причина што има болни на кои нашата крв им е неопходна и кои не можат и не смеат да го чекаат крајот на пандемијата. Според информациите од Центарот за јавно здравје – Прилеп, додаде Јованоски, досега се извршени 642 тестирања, од кои 159 биле позитивни на коронавирус. Вкупниот број на излекувани лица изнесува 68.

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 13 лица позитивни на коронавирус. Еден од нив е на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика. Во делот за изолација се наоѓаат 4 пациенти, двајца од нив се негативни на коронавирус, а на другите двајца земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 236 граѓани. Во текот на продолжениот првомајски викенд, забележани се 6 нарушувања на полицискиот час, рече градоначалникот Јованоски.

Според Институтот за јавно здравје во последните 24 часа во Македонија, потврдени се 7 нови случаи на ковид-19, од кои еден е од Прилеп. Инаку, Општина Прилеп викендов спроведе акција за дезинфекција и на населените места. Со земјоделска механизација на месното население, дезинфицирани беа улиците во петнаесетина населени места, меѓу кои и Мажучиште, Галичани, Кадино село, Мало и Големо Коњари, Беровци, Алинци и други.

Би можело да ве интересира

Од денеска јавен превоз за учениците од населбата „Тризла“

Гордана Цветаноска

12 нови случаи на коронавирус, бројот на активни случаи 139

Елизабета Филипоска

Во Долно Дивјаци се гради мини хидроцентрала

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе