8.7 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

И прилепските сметководители го поддржаа протестот

Попладнево и прилепските сметководители, како и во повеќе градови низ Македонија, го поддржаа протестот на Група на сметководители и овластени сметководители со кој се бара пролонгирање на роковите за доставување на даночните и финансиските извештаи. Протестот се одржа пред Управата за јавни приходи Прилеп.

Сметководителите бараат пролонгирање на роковите за поднесување на годишни сметки и финансиски извештаи преку законски измени на Законот за трговски друштва со цел подобрување на квалитетот на финансиското известување, да бидат дел од  економските мерки за петтиот пакет, што го бара Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори на Македонија. Тие сметаат дека во ова време на пандемија им е попречено нормалото работење и извршување на обврските кон клиентите и државата.

Би можело да ве интересира

На патот Прилеп – Ленишки мост сообраќајот наизменичен по една коловозна лента

Гордана Цветаноска

Aвтоконтрол со новогодишни подароци за учениците со попреченост

Пела Редакција

Олимпијците-хемичари на прием кај претседателката Давкова

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе