23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Засега на превојот Плетвар нема застој во сообраќајот

Нема ограничувања на движењето на планинскиот превој Плетвар ниту за тешки товарни возила информираат од Македонија пат за Радио Пела. Сообраќајот се одвива во зимски услови, без застој, а екипи на прилепската подружница на Македонија пат се на терен за расчистување на коловозот.

Oд прилепската подружница, напоменуваат дека теренските екипи работат во отежнати услови , бидејќи објектот на превојот Плетвар сеуште не е реконструиран и ставен во функција по пожарот од пред неколку месеци.

Инаку, засега Македонија пат, од 12:30 часот воведе забрана за движење на тешки моторни возила поради интензивните снежни врнежи единствено  на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.

Би можело да ве интересира

Регионална конференција во Охрид за зелени урбани транспортни решенија и одржлива мобилност

Војниците од касарната „Мирче Ацев„ се вклучија во крводарителска акција

Цвеќе пред бистите на Делчев,Тошев,Тито

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе