16.2 C
Прилеп
сабота, 10 мај, 2025
Пела Радио

Кај Новоселани, долненско, гори репетитор на операторот А1

Од утринава, пожар зафатил репетитор на мобилниот оператор А1 известуваат од Центарот за управување со кризи. За гаснење на пожарот активирани биле ТППЕ од цела Пелагонија.

 

„Од 05.23 часот утрово има пожар на објект – репетитор од мобилниот оператор на А1 кај с.Новоселани (ЕЛС – Долнени).
На терен се испратени 3 ПП возила со 6 пожарникари од ТППЕ – Прилеп, 1 ПП возило со 3 пожарникари од ПП Кривогаштани, а побарана е помош и од ТППЕ – Битола која поседува специјализирано теренско ПП возило, бидејќи гасењето го отежнува горивото кое се наоѓа во објектот кое се користи за напојување на генераторот (количина околу 1000 литри).
За пожарот известени се ДЗС- Прилеп, МВР, ЕЛС – Долнени и ЕЛС – Прилеп“ стои во соопштението објавено на социјалните мрежи од Центарот за управување со кризи.

 

 

Би можело да ве интересира

Санционирани 157 возачи кои возеле повеќе од дозволеното – Најмногу од Прилеп

Елизабета Филипоска

Приведен прилепчанец кој што крадел во Битола

Гордана Цветаноска

Физичка пресметка на навивачите и управата на ФК Победа по натпреварот со Шкендија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе