7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Кирил Самарџиоски добитник на престижната награда ”SEE Personality 2018”

Кирил Самарџиоски, долгогодишниот прв човек на еден од симболите на Прилеп – „Прилепска Пиварница“ и менаџер на кого се должат најголемите успеси на компанијата, доби уште едно големо признание за своите залагања, овој пат доделено од меѓународните институции – Советот на Југоисточна Европа и Humboldt Универзитетот во Берлин, еден од најпрестижните во светот . Наградата “SEE Personality 2018” или “Личност на ЈИЕ“Кирил Самарџиоски ја прими на отворањето на Филмскиот фестивал на Југоисточна Европа- SEE FILM FESTIVAL, во амбасадата на Романија во Берлин.
Ова престижно признание од Советот на југоисточна Европа, Самарџиоски го добива за неговите залагања и неговиот придонес во доменот на европските интеграции на регионот. Воедно, наградата „Личност на ЈЕИ“ претставува вреднување на неговиот личен допринос за европеизација на регионот, а му беше врачена од Јордан Плевнеш, претседател на SEE Film Festival.
Интересно е што престижното признание во рацете на Кирил Самарџиоски дојде токму на неговиот именден – денот на големите сесловенски браќа Свети Кирил и Методиј – 24 мај.
Минатата година, оваа традиционална награда која се доделува пред почетокот на филмскиот фестивал во Берлин и Париз, од Македонија ја доби д-р Жан Митрев.

Би можело да ве интересира

ДОКОЛКУ ВЕЧЕРВА ПАТУВАТЕ – ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈОТ KOН ПРИЛЕП

Пела Редакција

Некогашниот министер за транспорт Јанакиески, со патерици до суд

Елизабета Филипоска

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (64)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе