ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кои се проблемите на урбаните и месните заедници?

535

Претставниците од урбаните и месните заедници во Општина Прилеп, пред креирањето на буџетот на Општината за наредната година остварија средба со градоначалникот Илија Јованоски, претседателот на Советот Миле Талевски, директорите на јавните претпријатија и раководителите на сите сектори и општински одделенија. Се разговараше за отворените прашања на граѓаните од општината. На средбата стана збор за инфраструктурните приоритети на жителите од сите населби во градот и населените места. Изградба, тампонирање, асфалтирање на улиците,изградба на канализација, обезбедување дополнителни количества вода за пиење во одделни населени места, подобрување на квалитетот на уличното осветлување беа дел од проблемите кои беа потенцирани на средбата, со кои се соочуваат граѓаните, а за што беа побарани интервенции од локалната власт.
Најголем дел од овие проблеми според изјавите на претставниците на урбаните и месни заедници се пролонгираат со години. Градоначалникот Илија Јованоски на присутните претставници на граѓаните од сите делови во градот и околните населени места им порача, дека нивните приоритети ќе бидат разгледани од стручните тимови во Општината. Како што рече,дел од овие барања,поточно најакутните проблеми, најитните прашања ќе бидат вградени во новиот буџет за 2019 година, а проблемите решени следната година.
-Целта на состанокот беше граѓаните да ги кажат своите проблеми, идеи, забелешки, за сè она што треба да го направиме како Општина во наредниот период. Во буџетот што треба да го креираме за 2019г., а ќе биде донесен на седницата на Советот на 26 овој месец, ќе бидат вградени дел од овие приоритети на жителите на урбаните и месните заедници, потенцираше Јованоски.
Во секоја урбана и месна заедница се одржаа состаноци, на коишто примарно жителите ги дефинираа, определија своите приоритети и беа пренесени на средбата. Конкретните барања треба писмено да бидат доставени до Општина Прилеп, а локалната власт според приоритетот да ги реализира наредната година, со влегувањето во буџетот за 2019 година.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: