8.9 C
Прилеп
петок, 6 декември, 2024
Пела Радио

Се подготвува претставата „Авантурите на Пинокио“

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ја подготвува претставата за деца „Авантурите на Пинокио“, според фанатастичната книга од Карло  Колоди.

Драматизацијата на оваа извонредна авантуристичка пиеса за деца  e на режисерот Ковачовски заедно со Надја Василева Ковачовска, која e и автор на сценографијата, костимографијата и креатор на куклите.

Театарот имаше разбирање за поставување на пиесата на сцената. Многу важно е еден епски материјал напишан во проза да се преведе  на јазикот на сцената. Работевме можеби еден месец и пол на драматизацијта  и сега нашата замисла се реализира сценски.  Се работи за куклено драмска претстава. Имаме една кукла Пинокио  и  глумците кои ќе ги играат другите улоги  – лисицата, мачката, таткото, штурчето…. Пораката што ја носи „Пинокио“ е многу актуелна. Говори за едно дете кое преку своите неуспеси пораснува. За да добиеш срце не е потребно да си дел од големиот  свет, туку да имаш сочувство кон другите – вели Дарко Ковачовски, најавувајќи дека премиерата ќе биде за краток период..

Во претставата играат Јасмина М. Станкоска, Димитар Црцороски, Андон Јованоски, Наташа Ачански, Александар Тодески, Даниела  Иваноска и Катерина Чакмакоска Клинческа.

Претставата е дел од програмата на театарот за 2018 година поддржана од Министерство за култура.

 

Би можело да ве интересира

„Од колено на колено“ вечерва во „Марко Цепенков“

Пела Редакција

Изложба која не треба да се пропушти

Елизабета Филипоска

Ретроспективна изложба на скулптури во дрво изработени во „Интернационалното студио за пластика во дрво“ на ЦСЛУ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе