9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Крушево и Кривогаштани ќе добијат грант од Светска Банка

На 12 општини им се доделени грант-средства од 60.895.919 денари , преку Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП), кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка. Меѓу 12-те  општини, се и двете пелагониските општини,  Крушево и Кривогаштани.

Средствата, кои ќе ги добијаат овие две општини, ќе бидата наменски искористени за набавка на професионални возила и мултифункционални машини. Остантите општини, за кои се наменети овие средства, ќе ги користат секој спрема своите приоритетни : некои за изградба на училиште, за реконструкција на постојно училиште, некои од општините за набавка на опрема за градинка, набавка на опрема за детско игралиште или, пак, изградба и реконструкција на патна инфраструктура.Поркај Крушево и Кривогаштани овој грант ќе го добијата и општините Кисела Вода, Центар, Гостивар, Ѓорче Петров,  Шуто Оризари, Ресен, Кочани, Желино, Студеничани и Чучер Сандево.

Грант-средствата ги доделува Светска Банка за претходно успешно реализирани проекти преку МСИП на општините.

Главна цел на овие проекти е подобрување на услугите на општините и условите за живот на целокупното население преку проекти за подобрување на локалната инфраструктура.

 

Би можело да ве интересира

Секоја чест! Жителите на с. Гостиражни помогаа во гаснењето на шумскиот пожар

Пела Редакција

Трибина на тутунарите во Демир Хисар, сеуште нема решенија за проблемите

Конечно и ул „Кеј ‘9 -ти Септември„ се реконструира

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе