13.9 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Куќен притвор за четворица прилепчани

СВР Битола – ОВР Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Ј.(32), А.М.(26), Д.П.(33) и П.О.(43), сите од Прилеп, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривични дела по чл.382 од Кривичниот законик, за „спречување  службено лице во вршење службено дејствие“ и по чл.386 од Кривичниот законик – „насилство“.

Имено, на 14.08.2022 околу 18.00 часот, во угостителски објект во Прилеп, по претходна вербална расправија, пријавените физички го нападнале В.Н.. На местото на настанот веднаш пристигнале полициски службеници од ОВР – Прилеп кои од страна на пријавените биле спречувани во преземањето на службени дејствија. Лицата биле лишени од слобода, а од страна на Судија на претходна постапка при Основен суд Прилеп изречена е мерка куќен притвор.

Би можело да ве интересира

Возач на “Мерцедес“ од с.Дебреште излетал од патот и се здобил со тешки телесни повреди

Пела Редакција

Параглајдерист од Полска удрил во карпа кај Трескавец

Елизабета Филипоска

Во Прилеп фатени: крадец на моторцикл, 4 лица со марихуана, пријавено семејно насилство

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе