11.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Ликовната колонија Дрен започна, уметниците ќе творат од дома

Започна годинашното издание на ликовната колонија Дрен 2020, што ЦК „Марко Цепенков“ ја реализира со поддршка на Министерството за култура.
Заради пандемијата од корона вирусот уметниците – учесници на колонијата ќе творат во сопствените ателјеа. Практично со тоа на физичка дистанца ќе се реализира 12- та по ред колонија Дрен.
Платната и боите веќе се доставени до уметниците.
Делата што ќе бидат насликани ќе бидат претставени на изложба во ликовната галерија.

Годинашни учесници на колонијата:
1.Беди Ибрахим – Скопје
2.Мирко Вујисиќ – Скопје
3.Драган Најденовски – Битола
4.Тони Чатчески – Прилеп
5.Микица Трујкановиќ – Скопје
6.Марија Стојаноска Петковски – Скопје
7.Владимир Темков – Кавадарци
8.Мирјана Крстева Масети – Гевгелија
9.Марјан Стојаноски – Прилеп
10.Жани Гелевска – Скопје
11.Ангел Коруновски – Велес
12.Александра Димитрова – Кочани
13.Тамара Танкоска – САД

Би можело да ве интересира

Kонцерт „Музички вибрации“ на Македонски квартет труби

Гордана Цветаноска

Прва книга на македонски јазик од турската авторка Гонџа Озмен

Пела Редакција

Концерт на мешаниот хор КУД Стив Наумов – Битола

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе