12.4 C
Прилеп
петок, 25 октомври, 2024
Пела Радио

Масовна еко акција – „административците“ ја чистеа прилепската околина

Прилепските “административци“, државни службеници, денеска ги засукаа ракавите и се вклучија во еко акцијата на граѓанското здружение „Не биди ѓубре“, како начин за одработување на неработниот ден 2 јануари.

Во  Прилеп  се чистеше на 15-на локации! Се исчисти просторот од прилепската касарна до чешмата кај вештачкото езеро,  патот и околината кај манастирот, кај село Селце,

обиколницата кај фабриката за цигари, просторот кај старите градски гробишта,  локации во градот и неговата блиска околина , околу магистралниот пат Прилеп-Битола,околу  регионалниот Прилеп – Градско .

Градежната механизација работеше на расчистување на дивите депонии над касарната „Мирче Ацев“ и ИКТ центарот, патот од бензинската „Лукоил“ до клучката кај хотел „Салида“, како и на потегот од „Склештен мост“ до излезот кај фабриката „Милина“, чистење на Дабнички канал, во непосредната околина на црквата во населбата Точила и кај новите градски гробишта.

Денеска 40 илјади административци во Македонија чистеа ѓубрето на повеќе локации во Скопје  и во други градови низ државата. На овој начин вработените го надоместуваат 2 јануари 2019, кој Владата го прогласи за неработен ден за сите државни институции.

 

Би можело да ве интересира

Заработка преку иновативен метод за рециклажа на отпад

По повод јубилејот Прилепска пиварница организира пошумување кај Селце

Како да се уништи природата и зошто?

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе