12.4 C
Прилеп
петок, 25 октомври, 2024
Пела Радио

Меѓународниот карневал Прочка во Прилеп нема да се одржи

Ваквата одлука доаѓа по предлогот што синоќа го утврдил Управувачкиот комитет, највисоката инстанца во системот за управување со кризи во земјава, по препорака на епидемиолозите од Комисијата за заразни болести.

Иако за денеска беше најавена итна седница на  Советот на Општина Прилеп со почеток во 12 часот, за официјално прифаќање на предлогот, седницата нема да се одржи. Со соопштение општинската прес служба информираше дека:

Врз основа на препораките на Министерството за здравство и на член 58, став 1, алинеја 4 од Закон за заштита на населението од заразни болести, „Службен весник на РМ“ бр.66/2004, 139/2008, 99/2009, 94/2010 и 86/2011, се откажуваат сите настани поврзани со Меѓународниот карневал „Прочка 2020“-Прилеп.

Претпладнево се очекува Владата да донесе одлука со која ќе препорача или дури и ќе забрани одржување масовни јавни собири во наредните денови. Епидемиолозите од Комисијата за заразни болести сметаат дека масовните собирања може да придонесат за ширење на вирусот.
Одлуката на Владата ќе се однесува на карневалите што викендов треба да се одржат во Струмица и во Прилеп, како и на спортските натпревари во следните денови.

Би можело да ве интересира

Миле Талевски избран за Претседател на Советот на Општина Прилеп

Елизабета Филипоска

Витаминка донираше 400 брзи тестови за потребите на прилепчани

Гордана Цветаноска

“Градината во нашата градинка” – проект на ЛАГ АГРО ЛИДЕР со градинката Весело штркче, Кривогаштани

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе