16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Минијаторни куќи за (Не)заборав на Емил Димоски

Прилепчанец, ракотворецот Емил Димоски со природни материјали изработува минијатурни копии од стари македонски куќи и така ги чува од заборав. Некој се сместени во грне или лејка, а други се поставени во вид на 3 Д поставка со фотографија и дополнување од природни материјали како додаток за автентичноста. Димоски, инспирациите ги црпи од македонската култура и традиција, пред се од руралните средини, така што автентично ги прикажува старите македонски куќи, доловувајќи го и начинот на живот во нив.

Емил Димоски, инаку е наставник по физика, а изработката на макети е негово хоби. Минијатурните куќи ги изработува од истите материјали од кои во старо време се граделе куќите.
Првата изложба Димоски ја имаше во Битола насловена „Заборав“, а втората (Не) заборав и прва во неговиот роден Прилеп. Изложба ќе биде отворена в петок, на 18-ти мај во 20.30 часот во галерија„Борко Лазески“-ЦК „Марко Цепенков„.
Радио Пела е медиумски покровител на оваа несекојдневна, автентична изложба во која ракотворецот Димоски се обидува да ни го пренесе македонскиот бит преку археологијата, етнологијата и фолклорот.

Би можело да ве интересира

Весело, разиграно, распеано – концерт одржа КУД „Мирче Ацев“ на отворено пред Цепенков

Елизабета Филипоска

Виртулена прошека од 360°, фотографии и документарни видеа за „Прилеп – градот народен херој за време на НОБ“

Елизабета Филипоска

Како Варош „дошол“ до Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе