ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Младите учат како да градат доверба

362

Во средните училишта „Наум Наумоски – Борче“ во Крушево, и „Мирче Ацев“ во Прилеп, деновиве надвор од наставните активности се одржаа обуки за младински тимови на тема: „Градење на доверба“.На овие семинари се работеше на градење на доверба на средношколците, кои учеа за процесите на влијание врз локалните креатори на политики, како и да ја зголемат довербата, а и дека имаат моќ да направат промени на локално ниво. Учените пројавија голем интерес за дополнителни знаења за комуникација, информирање и соработка.Овие обуки се во рамките на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата фаза II“ кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп во 10 општини во државава, а со поддршка од ifa/Zivik Федерална Канцеларија за Надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Проектот, кој ќе се реализира во текот на 2020 и 2021, со својот пристап се заснова на решеност да работи за млади и заедно со млади и да обезбеди услови во кои тие можат да го исполнат својот потенцијал како активни граѓани кои придонесуваат не само за нивниот личен и професионален развој, туку и кон развојот на целото општество.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: