ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Момироски: ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМИ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ !

1.678

Пишува Зоран Момироски

НЕ Е ПРОБЛЕМ ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 8 АВГУСТ. ПРОБЛЕМ Е ШТО НИКОЈ НЕ САКА ДА КАЖЕ ЗОШТО НЕ Е ПОДИГНАТ  СПОМЕНИК НА КАРПАЛАК. А НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ Е ШТО СЕГА НЕКОЈ ТОЈ СПОМЕНИК ГО КОРИСТИ ЗА ПОЛИТИЧКИ ЦЕЛИ. ПА ПОРАДИ 11 ГОДИШНА ПОЛИТИЧКА АМНЕЗИЈА СЕГА ВЕТУВА ПО ИЗБОРИТЕ ПОДИГНУВАЊЕ НА ТАКОВ СПОМЕНИК.

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ ПОЛИТИЧКОТО ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ.ПРОБЛЕМ Е КОЈ РАКОВОДИ СО ЛОКАЛНИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ И ДАЛИ НОСИ ПРАВИЛНИ ОПШТЕСТВЕНИ И КАДРОВСКИ РЕШЕНИЈА.

ВО ГРАДОТ НЕ Е ПРОБЛЕМ НАВЕЧЕР ШТО СЕ РЕДУЦИРА ГРАДСКОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ. ПРОБЛЕМ Е ШТО ДЕЊЕ СВЕТИ УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ.

ТЕМА ДЕНОВИВЕ БЕШЕ ЗАГУБЕНА МАСКА ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ. НЕ Е ПРОБЛЕМ ШТО МАСКАТА ЈА ФАТИЛЕ  И ЗГРИЖИЛЕ ВРАБОТЕНИ ВО ЈКП КОМУНАЛЕЦ И ТОА  ВО ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА. ПРОБЛЕМ Е ШТО МАСКАТА НЕКОЈ ЈА УКРАЛ ОД ТАМУ, ПА СЕГА НАМЕСТО ЕДЕН ЗА ОБЕШТЕТУВАЊЕ СЕ ЈАВИЛЕ ПОВЕЌЕ СОПСТВЕНИЦИ. А УШТЕ ПОГОЛЕМ ПРОБЛЕМ Е ШТО МАСКАТА ЈА НЕМА ПА НЕ МОЖЕ ДА ,,КАЖЕ“ КОЈ ОД ПРИЈАВЕНИТЕ СОПСТВЕНИЦИ ЌЕ БИДЕ ОБЕШТЕТЕН СО 800 ЕВРА.

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ ДЕКА ТРЕБА СО СООДВЕТНА ОПРЕМА ДА СЕ МОДЕРНИЗИРА ЈКП КОМУНАЛЕЦ. ПРОБЛЕМ Е ШТО ЗА НЕКОЛКУ СТАРИ, НАМЕСТО НОВИ МЕТЛАРКИ, СЕГА ОВА ПРЕТПРИЈАТИЕ НА УВОЗНИКОТ ТРЕБА ДА МУ ПЛАТИ 4.000.000 ДЕНАРИ. А НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ Е ШТО ЗА ОВОЈ ФИНАНСИСКИ СКАНДАЛ И ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА ВО ПРИЛЕП МОЛЧАТ!

ВО ГРАДОТ НЕ Е ПРОБЛЕМ, НАПРОТИВ УБАВО Е ШТО ВО ГРАДСКАТА БОЛНИЦА ИМА НОВ КОМЈУТЕР ЗА ДИЈАГНОСТИКА. ПРОБЛЕМ Е ШТО НЕМА КОЈ ДА ГИ ЧИТА И ДА ЈА УТВРДИ ДИЈАГНОЗАТА КАЈ ПАЦИЕНТИТЕ. ПА СЕКОЈ ИНДИВИДУАЛНО СИ БАРА ОДГОВОР СТРУЧНА ДИЈАГНОЗА  НАДВОР ОД ОВАА ЗДРАВСТВЕНА ИНСТИТУЦИЈА.

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ КРИМИНАЛОТ. ПРОБЛЕМ Е ЗОШТО ТОЈ ЦЕЛОСНО НЕ СЕ СУЗБИВА. ПА СЕГА НА ПОМОШ,  СЕКОЈА ВЕЧЕР ДОАЃААТ ПРИПАДНИЦИ НА ПОЛИЦИЈАТА ЗА БРЗО РАСПОРЕДУВАЊЕ И ПРИПАДНИЦИ НА ПОЛИЦИЈАТА ЗА БРЗИ ИНТЕРВЕНЦИИ.

НЕ Е ПРОБЛЕМ ШТО  ГРАДОТ ИМА ДЕТСКИ  ВОЗ. ПРОБЛЕМ Е ШТО ОВА ЛЕТО НИТУ НЕКОЈ ГО ВИДЕ,НИТУ НЕКОЈ ГО ИСКОРИСТИ.

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ ШТО НЕМА ЈАВНИ ТОАЛЕТИ.ПРОБЛЕМ Е ПОРАДИ ПОТРЕБА КОЈ КАДЕ САКА И ЌЕ СТИГНЕ ГРАДОТ ГО МОЧА.

НА КРАЈОТ НЕ Е ПРОБЛЕМ И ПРЕДИЗВИК ВО СЕГАШНО ВРЕМЕ ДА СИ НЕЧОВЕК. ПРОБЛЕМ Е КАКО ВО ТАКВА СРЕДИНА ДА БИДЕШ ЧОВЕК СО НОРМАЛНИ ЦИВИЛИЗАЦИСКИ НОРМИ.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе