11.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

МТФ „Војдан Чернодрински“ доби нов претседател

На денешното собрание на МТФ „Војдан Чернодрински“, одржано во Скопје,  д-р Ана Стојаноска, театролог, професор, е избрана за нов претседател на собранието на Фестивалот. Изборот на новиот претседател доаѓа откако собранието на МТФ „Војдан Чернодрински“ констатира дека е изминат мандатот на досегашниот претседател Катерина Коцевска Хаџавасилева.
Со надеж дека ќе продолжи одлична соработка со сите театри, Стојаноска, по нејзиниот избор вели:
„ Главниот мој  фокус ќе биде создавање на фестивал според современите страндарди, фокусиран на домашната драма и новиот театар, со сериозен концепт и можност да се види каков театар создаваме денес, со програми што ќе го „оживеат“ театарскиот сјај и со грижа за театарското наследство.“

Би можело да ве интересира

И или А – Колку значи една буква во женските презимиња?

Пела Редакција

Со „Ничија земја“ започна МТФ „Војдан Чернодрински“

Гордана Цветаноска

Промоција на нова книга за деца од Лина Димоска

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе