9.4 C
Прилеп
четврток, 24 октомври, 2024
Пела Радио

На барање на младите Крушево ќе добие „ин-аут“ кино

Младите побараа и иницираа, а советот на општината ги поддржа за создавање на кино во Крушево. Одлуката за кофинансирање на проектот за оспособување на т.н. „ин аут“ (In Out) кино во СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево беше донесена на денешната 10-та седница на Советот на општината.

Иницијативата за оспособување на едно вакво кино доаѓа од СОУ „Наум Наумовски Борче“, неформална група на млади од Крушево и организацијата Младински Сојуз – Крушево, а се спроведува во рамки на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“. Амбасадата на Кралството Холандија ќе учествува во проектот со 2 000 евра, додека финансирањето од општина Крушево е 1 000 евра.

„Ги слушаме барањата на младите и драго ми е што покажуваат креативност и сакаат да го подобрат своето секојдневие со повеќе содржини и неформално образование. Советот ќе ја кофинансира реализацијата на оваа иницијатива и благодарам до советниците за поддршката.“, изјави претседателот на советот на општина Крушево Андреј Николоски.

Идејата за оспособување на кино е дел од проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ имплементиран од Граѓанската асоцијација за унапредување на развојните процеси „Про Локал“ во партнерство со општина Крушево и финансиран од Амбасадата на Кралство Холандија.

Би можело да ве интересира

Мајстор Лало наскоро главен мајстор во Авто Контрол

Гордана Цветаноска

СВР Битола: од 10 до 14 ч. патот Кривогаштани – Крушево, в недела, 27 ми август ќе биде затворен за сообраќај

Пела Редакција

За 4 месеци украдени 76 сообраќајни знаци

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе