12.4 C
Прилеп
петок, 25 октомври, 2024
Пела Радио

На подрачјето на Прилеп приведени бегалци од правдата

Осум осуденици од Прилеп кои се барале со потерници за издржување на казна затвор биле уапсени во текот на вчерашниот ден во координирана акција на криминалистичка полиција при МВР и ПС Прилеп.
„По претходно изготвен план, полицијата спроведе оперативни активности за лоцирање и приведување лица кои се бараат по потерници, наредби од судови, затворски и други институции на подрачjето на Прилеп. Притоа, од слобода се лишени осум лица за кои што Основниот суд Прилеп имал издадено наредба за нивно приведување и спроведување во соодветните Казнено поправни установи“, се вели во соопштението на МВР.
Уапсени се М.С. (31) осуден на казна од две години и шест месеци во КПУ Прилеп, Ј.С. (25) осуден на три месеци казна во КПУ Прилеп, А.А. (37) осуден на 17 месеци казна во КПУ Идризово, С.М. (37) на едногодишна казна КПУ Идризово; Б.Г. (37) седуммесечна казна КПУ Идризово; О.Е. (42) шестмесечна казна КПУ Прилеп; Б.Т. (67) шестмесечна казна – КПУ Прилеп и Ж.В. (43) исто така шестмесечна казна КПУ Прилеп.
Бегалците од правдата биле уапсени на спиење. Дел од уапсените се спроведени во затворо „Идризово“,а остатокот во прилепскиот затвор.

Би можело да ве интересира

Ограбена спортска обложувалница во Ропотово

Пела Редакција

Прилепчанец лишен од слобода – физички ја нападнал сопругата

Гордана Цветаноска

Опожарен автомобилот од директорот на едно прилепско јавно претпријатие

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе