16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Нови закани и напади кон Јовчески, доставени се докази во ОЈО Прилеп

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп д-р Борче Јовчески, попладнево во изјава за јавноста пред ОЈО Прилеп посочи дека заканите и нападите по неговото семејство продолжуваат:

„Сакам да ја информирам целата јавност дека во текот на вчерашниот ден, заканите и нападите по моето семејатво продолжија. Денес, речиси до 16ч бев во просториите на ОЈО Прилеп каде дадов изјава, доказни материјали,меѓу кои и тие од вчерашниот ден!

Ги повикувам СДСМ да престанат да ја замајуваат јавноста со моето непојавување на ТВ дебати. Стратегијата која што ја направиле со цел да ми го одвлекуваат вниманието и да ми го губат времето со тоа што по цели денови ќе поминувам во полиција,или ОЈО им е погрешна. И напротив уште повеќе ме мотивираат да работам и да  победам!Мојот став по однос на ова прашање е непроменет и така ќе остане се додека надлежните институции,раководени од кадри на СДСМ не ги преземат соодветните мерки кон насилниците.

Ако ова денес мене и на моето семејство би се случува, утре може истото да му се случува и на некој друг! И повторно ќе порачам! Дебатата ќе се случи во недела, на 17-ти Октомври. Во недела јас и моите прилепчани,заедно за подобро утре на сите ќе ја извојуваме најголемата победа, вели во изјавата кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп д-р Борче Јовчески.

https://www.facebook.com/borchejovcheski/videos/592827585493452

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ги објави кандидатите за градоначалници за Прилеп и Кривогаштани

Гордана Цветаноска

Сугарески: Меѓу Шаторов камен и Топташ, ќе го реализираме проектот „Семеен парк Прилеп“

Сугарески кандидат за „татко„ на градот под Марковите кули од редовите на СДСМ

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе