ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Од денеска јавен превоз за учениците од населбата „Тризла“

632

Околу 110 деца од месноста „Три багреми“ и улиците „Моравска“ и „Дабничка“ во населбата „Тризла“ од денеска имаат бесплатен училиштен превоз. Општина Прилеп, поточно Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање ЈП (ПУП) воведе посебена линија за овие ученици.
„Од 06:30ч. изутрината за учениците од прва смена, па од 12:30ч. за учениците од попладневната смена организиран е бесплатен превоз во два правца. Навечер по часовите од 18:30ч. учениците повторно организирано ќе бидат вратени назад. Опфатени се сите ученици од прво до осмо одделение што учат во основното училиште ‘Добре Јованоски“, изјави Славе Петрески, директор на ЈП ПУП.
Во населбата „Три багреми“ во тек се и други активности, со кои ќе се подобри квалитетот на животот на овие граѓаните.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе