9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Одбележан 9 ти мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Со полагање цвеќе на Могилата на непобедените во Паркот на револуцијата, Општина Прилеп го одбележа 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Покрај градоначалникот Илија Јованоски, почит на загинатите борци од антифашистичката револуција им оддадоа и претставници на Советот на општина Прилеп, касарната „Мирче Ацев“, Сојузот на борци, политички партии и здруженија на граѓани. На одбележувањето на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа присуствуваше и делегација на Амбасада на Руската Федерација, предводена од Александар Космодемјанскиј, Заменик шеф на Амбасадата.

Со потпишување на безусловна капитулација на нацистичка Германија на 9 мај 1945 година, официјално беше ставен крај на Втората светска војна, во која учествуваа 61 земја и која однесе повеќе од 50 милиони животи.

Денот на Европа е воспоставен како ден на сеќавање на Декларацијата на францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман, во 1950 година, што се смета за прв важен чекор во настанувањето на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Високо загадување на воздухот во Прилеп

Уметницата Маја Р. Младеновски утре изложува во Прилеп

Пела Редакција

„Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ проект со фокус на младите

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе