ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Опозицијата со критика кон акцијата на СДСМ „Од врата на врата„

541

Актуелниот градоначалник на Општина Прилеп, Илија Јованоски, вчера објави дека почнувала акцијата „Од врата до врата“, во која со граѓаните ќе разговарале за нивните инфраструктурни и други барања. Каква иронија! Истите оние кои го преспаа мандатот и не реализираа речиси ништо од ветеното, сега ќе ги слушале барањата на граѓаните. “ истакна Робертено Илиоски,од ОК на ВМРО ДПМНЕ , одржувајќи обрајќање во паркот до општинската зграда.

„Некако многу рано им текна да се симнат од удобните фотелји меѓу народот и да слушнат со какви проблеми се соочуваат прилепчани. Еве како за почеток нека ги посетат тутунарите и нека ги прашаат како се задоволни од откупот на тутунот? Нека ги посетат лозарите, и земјоделците чија пченица ја оставија да скапува во амбарите. Нека тропнат и на вратите од вработените во Еурокомпозит , кои бесрамно беа излажани, да видат дали ќе им отворат? Нека ги слушнат и проблемите на дуќанџиите кои ги затворија своите дуќани во прилепската чаршија и останаа без парче леб. Нека разговараат и со избрканите од работа, благодарение на катастрофалните економски политики. Почитувани, оваа локална власт на чело со Илија Јованоски, го уназади Прилеп за 30 години. Прилеп, кој некогаш важеше за европски град, со целосно променет лик, денес е претворен во град на мафијата, е претворен во град кој се дави во смрдеа, со уништени парковски површини, катастрофална патна инфраструктура со огромни кратери по улиците, град без ниту една нова странска инвестиција. Штетата од неработењето на локалната власт предводена од СДСМ, остави свои негативни последици. Токму затоа после локалните избори, Илија Јованоски и СДСМ, ќе станат минато во Прилеп. Редно време е да се соочат со убедлив пораз, за после победата на ВМРО-ДПМНЕ, да си го вратиме заедно градот на вистинскиот пат.„-повика, Илиоски на крајот од своето обрајќање

https://www.facebook.com/okprilep/videos/560603948287498/
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: