-1.6 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Пелагонискиот регион со највисока стапка на слободни работни места

Според, ДЗС од 8.459 слободни работни места во Македонија, Пелагонискиот регион има најмногу слободни работни места на пазарот на трудот, односно Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места , 2.35  проценти, по што следи Источниот со 2,2 %, Југоисточниот со 1,83 %, Југозападниот со 1,70 % и  Скопскиот регион со стапката на слободни работни места 1,5 проценти.

На пазарот на труд во Македонија ,вели статистиката,  има 8.459 слободни работни места, од кои најголем дел, 3.264,  се во групата „работници во услужни дејности и продажба“. По нив следат работниците од групата „техничари и средни занимања“ каде има 1.172 слободни работни места, па „ракувачи и составувачи на машини“ со 1221 работно место. Има и слободни 858 работни места за службеници.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, стапката на слободни работни места во третиот квартал годинава изнесува 1,67 проценти.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот „административни и помошни услужни дејности“  5,08% ,  додека најмала е стапката во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“, каде е 0,21%

Највисока стапка на слободни работни места (од 2,44 %) имаат фирмите со три до девет вработени.

 

Би можело да ве интересира

Две минимални плати недоволни ни за основните потреби на четворочлено семејство

Елизабета Филипоска

И Тутунски Комбинат ги отвори вратите за кооперантите, од наредната недела стартуваат сите откупни компании

Гордана Цветаноска

Јакимовска: Заедно можеме да направиме големи промени во заштитата на работничките права!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе