12.4 C
Прилеп
петок, 25 октомври, 2024
Пела Радио

По случаен избор и со согласност на родителите ќе се тестираат учениците за коронавирус

Ученици, по случаен избор и со согласност на родителите,  од сите основни и средни училишта во Македонија ќе бидат тестирани за коронавирус во наредните две недели. Цел е да се утврди дали постојат асимптоматски носители на вирусот меѓу децата и дали тој се пренесува во самите училишта,  пренесе денеска министерот за здравство, Филипче. 

На ваков начин ќе бидат тестирани речиси девет илјади деца за ковид 19. Ќе бидат избрани од електронскиот дневник по случаен избор. Резултатите се очекуваат за две недели.

Инаку, министерот тврди дека ситуацијата со пандемијата е прилично стабилна и повеќе денови има идентичен број на новодијагностицирани, односно од 450-500 е бројот на новозаразени, а бројот на хоспитализирани се намалува ширум болниците во државата.

Инаку, вакцинирани се 47% од полнолетните граѓани со една доза, а 38, 2% со две дози, посочи  министерот. Но, денеска и официјално нема веќе вакцинални пунктови во ВИП арената во Скопје, а што се однесува во Прилеп, вакциналниот пункт во салата на СОУ Ѓорче Петров, сеуште е во функција.

Би можело да ве интересира

Победа во првото коло гостува во Штип против Брегалница

Пела Редакција

Кузманоски со апел до спортистите за собирање донации за потребите на здравствените работници

Елизабета Филипоска

Прилеп го одбележува Денот на независноста

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе