ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Победа со минимален пораз – разврската за бараж во последното коло

544

Победа повторно загуби во директен дуел во борбата за опстанок, но сепак се ќе се знае на крајот од првенството во наредното последно коло. На екипата на Скопје и беше потребна победа од два гола предност против Победа. Натпреварот иако со многу шанси, беше решен само со единствениот гол во првото полувреме на Ѓоко Алексовски кој беше прецизен од белата точка во 17 минута за Скопје.
-Денешниот меч беше исклучително тежок од психолошки аспект бидејќи фудбалерите беа ставени во ситуација од нивната игра и конечниот резултат по 95-тте минути игра на Автокоанда да завси целата сезона, а донекаде и иднината а клубот и неговото натамошно стабилно функционирање кое е овозможено од клупското раководство и спонзорите. Стручниот штаб имаше адекватна анализа, играчите на терен одиграа дисциплинирано и не подлегнаа на страничните влијанија.Фокусот беше максимално на случувањата на теренот и покрај неправдата во 17-тата минута-пеналот од кој Скопје го постигна еднственниот гол. Сите честитки за одважната игра на сите кои ја добија довербата од тренерот Мегленски-од прв до последен одиграа со срце на терен покажувајќи како се игра и бори за клубот и црвено белиот дрес. Од хомогениот состав сепак денес треба да се издвои капитенот Тофилоски кој имаше неколку фантастични одбрани сочувувајќи ја својата мрежа и спречувајќи го Скопје да дојде до поскауваниот резултат победа од 2-0.Треба да се каже дека победашите на овој меч и ја немаа среќата на своја страна-во две ситуации пречката беше сојузник на Скопје по ударите со глава на Велкоски во 40-тата и на Даноски од 20 метри во 90-тата минута. Сепак на крајот се добро се заврши и за Победа се ќе се решава в недела со Ренова, стои во соопштението на официјалната група од Победа, по завршувањето на натпреварот.
Разврската е во рацете на Победа за 8то место, со триумф над Ренова во недела Победа ќе го задржи местото кое води во баражот.
Сега во последното коло, Скопје ќе мора да се надева на реми или победа на гостувањето против Работнички, но само доколку Победа загуби од Ренова. Во случај и Скопје и Победа да триумфираат во последното коло, тогаш Победа ќе ја избегне преселбата во понизок ранг и низ бараж ќе го бара опстанокот во Првата лига.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: