18.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Почина Бранка Станковска

Легендарната радио и тв спикерка и водителка, Бранка Станковска, која имаше 90 години, почина денеска во Скопје.

Станковска целиот работен век од 39 години го помина во Македонската радиотелевизија. Нејзината најава на првиот телевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа.

Неколку месеци подоцна, Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски Весник, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија.Нејзиниот глас сè уште се слуша на радиопрограмите, особено во популарниот џингл „Точно е 12 часот“.

Беше активна и по пензионирањето, особено во обуките на млади кадри.

Би можело да ве интересира

Виктор Николоски: БЛАГОДАРАМ ОД ❤️ ДОБРИ ЛУЃЕ

Пела Редакција

Избрано ново претседателство на Македонската заедница во Чешка

Пела Редакција

Нови дојави за бомби во 2 основни училишта во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе