ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ: Се задолжија 1.5 милијарди евра, оставија на улица 55.000 луѓе…

605

По посетата на вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на Прилеп и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, и , оставрувајќи средба со претставници од Регионалната Стопанската комора, прес конференција одржа ОК на ВМРО ДПМНЕ.

„За жал на оваа средба повторно се зборувало за лагата која Зоран Заев пред само една година во месец февруари, ја кажа пред истите овие претставници од Регионалната канцеларија на Стопанската комора во Прилеп, поврзана со автопатот Битола-Прилеп-Велес. Па така денес без трошка срам, претставниците од власта говореле за некаква изградба на автопатско решение од Прилеп за Битола, и како тоа оваа година ќе започнела изработката на идеен проект и физибилити студија. Дека е ова уште една лага од низата лаги својствени за владеењето на СДСМ, говори фактот што во буџетот за 2021 година, нема предвидено средства за изработка на идеен проект, не пак средства за реализација и изградба на овој автопат.Да не заборавиме дека токму во времето кога нашиот сограѓанин Сугарески беше министер за транспорт и врски беше прекината изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско, патниот правец кој требаше да значи живот за прилепската економија и безбедност во сообраќајот„ – истакна, Влатко Петкоски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на денешната прес  конференција.

“За надминување на овие проблеми, нашите пратеници поднесоа и амандмани кои експресно беа одбиени, со што се потврди дека Прилеп не е од интерес за оваа власт. Почитувани, наместо да се занимаваат со лаги и да ги повторуваат истите по сто пати со цел да станат вистина, Зоран Заев и неговите министри треба да засукаат ракави и конечно да почнат нешто да работат. Иако се задолжија 1.5 милијарди евра, накрај во оваа пандемија се што направија е што оставија на улица 55.000 луѓе без работа. Тоа е ефектот од нивното работење во стопанството. ВМРО-ДПМНЕ како одговорна политичка партија е отворена за соработка со бизнис секторот. Со сите наши ресурси, решенија и законски можности стоиме на располагање за економскиот раст и развој во Пелагонискиот регион, вклучително и Прилеп.“- додаде Петкоски, на прес конференцијата

“За жал на оваа средба повторно се зборувало за лагата која Зоран Заев пред само една година во месец февруари, ја кажа пред истите овие претставници од Регионалната канцеларија на Стопанската комора во Прилеп, поврзана со автопатот Битола-Прилеп-Велес. Па така денес без трошка срам, претставниците од власта говореле за некаква изградба на автопатско решение од Прилеп за Битола, и како тоа оваа година ќе започнела изработката на идеен проект и физибилити студија. Дека е ова уште една лага од низата лаги својствени за владеењето на СДСМ, говори фактот што во буџетот за 2021 година, нема предвидено средства за изработка на идеен проект, не пак средства за реализација и изградба на овој автопат. Да не заборавиме дека токму во времето кога нашиот сограѓанин Сугарески беше министер за транспорт и врски беше прекината изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско, патниот правец кој требаше да значи живот за прилепската економија и безбедност во сообраќајот“- рече Влатко Петкоски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на денешната прес  конференција.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе