ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп: Два нови случаи позитивни на Ковид 19, а 12 излекувани

622

Во општина Прилеп денеска,понеделник 11-ти мај се евидентирани 2 нови случаи на новозаболени од КОВИД-19, а 12 пациенти се излекувани од оваа заразна болест, информираат од прес службата на Општина Прилеп.
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 15 лица, од кои 10 се позитивни на коронавирус а петмина пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Од нив двајца се негативни на коронавирус, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати;
Во самоизолација се наоѓаат 234 лица;
За време на викендот, забележани се 6 нарушувања на полицискиот час.
Од почетокот на пандемијата до денеска, во општина Прилеп вкупно се регистрирани 178 заболени лица. Од нив 120 се оздравени, а во моментов има 58 активни случаи. Како последица на коронавирусот, починале 11 лица.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе