12.4 C
Прилеп
петок, 25 октомври, 2024
Пела Радио

Прилеп: Двајца починаа, нови 64 Ковид позитивни

Во последните 24 часа се направени 4.445 тестирања, а регистрирани се 1.511 нови случаи на КОВИД-19 најмногу во Скопје 654, потоа во Куманово 116, Битола 86, Велес 68, а во Прилеп 64 новозаболени.

Пријавени се вкупно 32 починати лица од кои 13 од Скопје , а 2 пациенти од Прилеп (79г и 68г). Регистрирани се 587 оздравени пациенти најмногу од Скопје 316, а од Прилеп 31.

Досега во земјата се направени вкупно 625.255 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 130.022, бројката на оздравени пациенти е 106.979, на починати е 3.781, а бројот на активни случаи изнесува 19.262.

Би можело да ве интересира

Прилепчанец ќе одговара кривично-на интернет ширел говор на омраза кон странска амбасада

Манастирот „Зрзе“ во бело – планините во Македонија утрово се „разбудија„ со снег

Елизабета Филипоска

Држава без земјоделие е слуга на другите, земјоделците протестираа! (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе