8.7 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Прилеп: Двајца починати и двајца новозаразени од Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на Kовид-19.  Починати се 4 лица, а оздравени 97, соопшти Министерството за здравство. Новозаразените  во најголем број се од Скопје – 83, додека од Прилеп се два нови случаи. Починати се 4 лица, двајца од Прилеп, еден пациент од Скопје и еден од Тетово.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 97 оздравени лица, најмногу од Скопје – 71, а од Прилеп нема ниту еден.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8530, бројката на оздравени пациенти е 4565, на починати е 393, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3572.

Би можело да ве интересира

„Ајде да играме“ – иницијатива за подобра социјализација на најмладите

Гордана Цветаноска

Дома чисто – во паркот “бистро” – Вака прилепчани реновирале

„Гласам, значи постојам“- Цивил во Прилеп, Битола и Могила

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе