9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Прилеп: Еден новозаболен, вкупно 29 активни случаи

Во општина Прилеп  за сабота, 6 ти јуни, регистриран е еден новозаболен од корона вирус, а две лица оздравеле од заразната болест.  Како последица на коронавирусот, почина едно лице на 73 годишна возраст.

Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 29. Од нив, 21 лице се наоѓа на домашно лекување, тројца се хоспитализирани во Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, а петмина се наоѓаат во Клиниката за инфективни болести и во Градската општа болница „8.Септември“ во Скопје. Во самоизолација се наоѓаат 42 лица. Заради неносење на заштитни маски, на 18 граѓани име се изречени прекршочни пријави, стои во информацијата од прес службата на општината.

Би можело да ве интересира

Презентирани домашни и меѓународни искуства за граѓански активизам применливи во нашите локални средини

Гордана Цветаноска

Авто Контрол донираше во Детското одделение во прилепската болница

Пела Редакција

УТРЕ, ПРИЛЕП ГО ОДБЕЛЕЖУВА 3-ТИ НОЕМВРИ, ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО ОД ФАШИЗМОТ

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе