ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Проданоски: Ќе го завршиме веќе започнатиот проект за селекција на отпад за доброто на прилепчани

938

Фабриката за преработка на отпад беше тема на денешната дискусија на ОК на ВМРО ДПМНЕ:

Наместо локалната власт предводена од СДСМ да ги дозаврши проектите корисни за Прилеп и прилепчани, таа ги доуништи и тие што ги наследи. Имено, во време на минатата локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, беше набавена машина за селекција на отпад и беше започната изградбата на фабриката за преработка на отпадот. Во домаќинствата низ градот и на јавните површини беа поделени повеќе од 20.000 корпи за отпадоци и контенјери за селекција на отпадот. Прилеп беше водечки град во примарната и секундарната селекција на отпад. Анализите беа дека селекцијата и преработката на отпадот, ќе донесеше профит за претпријатието, ќе овозможеше отворање на преку 100 нови работни места и ќе имавме чиста животна средина. За жал СДСМ уништија корисен проект. И, за потсетување, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, 8 пати досега поднесуваа амандмани за дозавршување на проектот, меѓутоа не беа прифатени од власта предводена од Зоран Заев.
        Доколку локалната власт предводена од СДСМ имаше сенс за корисен проект и ја доизградеше фабриката, ќе го решеше проблемот со депонијата. Ќе немаше смрдеа и чад во кои сe гушат нашите сограѓани, како во последниот период. По победата на 17 октомври, ветуваме – ќе го завршиме веќе започнатиот проект за доброто на прилепчани. Со домаќинско и чесно работење, повторно ќе го вратиме приматот на Прилеп, како најчист град во Македонија.„-  Дејан Проданоски , кандидатот носителот на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ.

 

https://www.facebook.com/okprilep/videos/404753134497880

 

 

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе