ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ѓорѓиоски: Изградбата на Младински културен центар е високо на приоритетната листа на СДСМ

925

Младите и обезбедување на квалитетни младински политики, изградба на Младински културен центар, како и локална стратегија посветена на младите, посочи во изјава за јавноста Александар Ѓорѓиоски, кандидат за советник во Прилеп од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“:
„ Грижата за младите и креирањето квалитетни младински политики, е еден од постулатите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Покрај изработката на нов Локален младински акционен план, во Програмата со која ја бараме довербата на граѓаните од општина Прилеп, високо на листата на приоритети се наоѓа изградбата на Младински културен центар.


Станува збор за изградба на нов мултифункционален објект на местото на старата Виша школа, односно сегашниот Работнички универзитет „Пере Тошев“.
Младинскиот културен центар ќе претставува катче за преквалификација, надградба, усовршување и стекнување нови вештини на младите и креативни луѓе, како и простор за делување на невладиниот сектор.
Покрај функционирањето на постоечките и новите дејности, во Младинскиот културен центар ќе постојат и други еквивалентни корисни содржини за потребите на сите чинители.
Дворниот дел ќе содржи игралиште за мали спортови, сцена за проекции на филмови и други културни настани, мала трибина, музички парк, урбана опрема, а просторот ќе биде хортикултурно уреден со зелени површини и садници.

 

https://www.facebook.com/SugareskiGoran/videos/1015318339264736

 

Почитувани,
Младите луѓе се основата врз која го градиме концептот „Најдоброто за Прилеп“.
Гласот за Горан Сугарески и бројот 12, е влог во изградбата на подобра иднина за сите генерации,“ посочи Александар Ѓорѓиоски, кандидат за советник во Прилеп од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: