ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Регионалниот пункт во Прилеп е подготвен, се чекаат вакцините

1.320

По строги протоколи и утврдени правила ќе се одвива вакцинацијата на регионалниот пункт во спортската сала на СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп, а денеска беше спроведена симулација на процесот на имунизација. Вклучен е дел од медицинскиот персонал на прилепската болница, Црвениот крст, медицински сестри од Факултетот во Штип, а за редот и дисциплината ќе помага полицијата и Спасителната служба Златоврв.

– Вакцините спасуваат животи!!! Регионалниот вакцинален пункт во спортската сала при Средното стручно училиште „Ѓорче Петров“ во Прилеп е целосно подготвен за масовна имунизација на населението против Ковид 19 и ќе стартува во вторник на 25 ти мај. Вакцинацијата ќе се одвива секој ден, освен недела, од 8 до 20 часот. Општина Прилеп во соработка со прилепската болница, Средното училиште „Ѓорче Петров“ и Црвениот крст, како и со општествено одговорните фимри од градот: Комфи Ангел, Витаминка, Гентерм, Прилепска Пиварница, Мермерен Комбинат, Крин КГ, Цимер Бaлкан и Кули го извршија уредувањето на регионалниот вакцинален пункт. Нашите очекувања се дека на дневно ниво ќе се вакцинираат околу илјада граѓани. Вакцинирањето ќе се одвива според строго дефиниран протокол  и редолсед на движење односно, прием и евиденција на граѓаните, па потоа индивидуален преглед, вакцинација, па издавање на потврда со термин за ревакцинација. За организацијата на процесот и одржувањето на редот пред и по вакцинирањето покрај полицијата ќе учествуваат и волонтери од Спасителната служба Златоврв,- истакна градоначалникот,Илија Јованоски, упатувајќи апел до граѓаните да се пријавуваат за вакцинација, а особено оние кои спаѓаат во ризичните категории.

Вакцинацијата ќе овозможи да бидеме во офанзива со невидливиот непријател посочи Кети Смилеска, директор на прилепската болница.

– Вакциналниот пункт во Прилеп има има 15 кабини, а планирано е да се имунизираат 1000 граѓани на ден. Апел до секој граѓанин да се пријави на сајтот вакцинација.мк . Пунктот е подготвен од секој аспект, очекувам дека ќе има зголемен интерес од страна на граѓаните и покрај тоа што имаше имунизација и во соседните градови Битола и Кавадарци. Оние граѓани кои што се вакцинираа досега во пунктот кој што го имавме во Здравствениот дом беа вкцинирани со вакцините Астра Зенека, Фајзер и со Синофарм заврши фазата на втора доза на имунизација на тие граѓани .Сега е во тек имунизација на прва доза со Астра Зенека, рече Смилеска.

  Согласно протоколот вакцините ќе стигнат в понеделник за да можат правилно да бидат чувани. Во секој случај за граѓаните пријавувањето е преку официјалната страна, а системот „Мој термин„ потоа ќе генерира точен датум и термин за вакцинација. Вакцинирањето на вакциналниот пункт во Прилеп ќе се одвива според строго дефиниран протокол и редослед на движење: прием и евиденција на граѓаните, па потоа индивидуален преглед и вакцинација и издавање на потврда со термин за ревакцинација.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: