CSS Template

Се зголемува жедта за пиво и сокови од Прилепска пиварница

488
Avtokontrol1

Во првите три месеци од годинава – скок од 22 отсто споредбено со лани, бележи конзумацијата на пиво и сокови на „Прилепска пиварница“. Ако се пресмета домаќински тоа значи дека просечно Македонците дневно пијат пиво и сокови од „Прилепска пиварница“ за 54.000 евра што го потврдуваат официјалните податоци на најголемата домашно поседувана пиварница во Македонија. За ова говорат и приходите од продажбата, односно вкупно 306,7 милиони денари или околу 5 милиони евра е сумата на остварени приходи од продажба на пиварницата, што значи пораст за 32 отсто во однос на минатата година. Порастот на извозот на компанијата изнесува во споредба со лани изнесува 1 отсто повеќе.
Залихите на пиварницата се зголемени за 5 милиони денари во првите 90 дена, а оперативните приходи на пиварницата за првиот квартал годинава достигнаа 319,1 милиони денари и во однос на лани се поголеми за 19 отсто. Оперативните расходи во првиот квартал се 306,1 милиони денари и во споредба со истиот период лани се поголеми за 14 отсто.Оперативната добивка на пиварницата е 18 милиони денари за првиот квартал и во споредба со истиот период лани книжи раст за 59 отсто.

„Прилепската пиварница“ има финансиски приходи во износ од 6,4 милиони денари за еден квартал односно над 100.000 евра. Оваа ставка многу благородно влијаела врз добивката на компанијата затоа што пиварницата речиси и нема финансиски расходи за првиот квартал поточно тие изнесуваат само 67.000 денари. За првиот квартал нето добивката на компанијата изнесува 24,7 милиони денари и во однос на истиот период лани книжи раст од 23 отсто.
Интересно е што развојот на компанијата се темели на стратегија која е несвојствена за повеќето македонски фирми, а тоа е што инвестициите ги реализира исклучиво од сопствени извори, без банкарско кредитирање. Што значи, може да се очекува, добивката повторно, како досега, Прилепска пиварница да ја пренамени во развојни цели.


semm
Penata
Vivafarm
Farma Dolneni