30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Стоби флипс во ново – роденденско пакување

Со издавање на специјалното, роденденско пакување на Стоби флипс продолжуваат активностите на Витаминка за одбележување на 40 години откако првпат е произведен најпопуларниот македонски бренд. Роденденската едиција со стилизирана бројка 40 е наменета за 40-грамската, прва амбалажа на овој производ и на оригиналниот вкус.
Издавањето на роденденското пакување е важно затоа што покажува дека изгледот на Стоби флипс во изминатите 40 години не се изменил, исто како што остана ист и препознатливиот вкус и квалитет. Вкусот и квалитетот се најважните карактеристики што го направија Стоби флипс бренд број 1 кај повеќе генерации потрошувачи.
Роденденскиот Стоби флипс е достапен на полиците во продажните места насекаде низ државата.

Би можело да ве интересира

IQOS (ајкос) нов електронски уред за пушачи со модифициран ризик

Од полноќ, за некој денар, поевтинуваат горивата

Комфи Ангел – компанија со најдобро применет систем за безбедност и здравје при работа

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе