ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Следува зголемување на бројот, Прилеп е во втора фаза со многу нетипични случаи на корона вирус!

2.355

Од почетокот на првиот случај на 25 март, досега се земени брисеви од 280 лица за тестирање во Центарот за јавно здравје Прилеп. Вкупниот број на потврдени позитивни медицински лица со Ковид 19 од Прилеп е 6, а од 3 се чекаат резултати, меѓу кои има и неколку лекари. Во петокот биле направени контролни тестови на лица кои што им поминал период на лекување и се чекаат резултатите согласно протоколот за постапување.

– Чекаме резултати за 70 и уште не велиме дека оваа бројка не е конечна на 75 потврдени случаи, од нив 3 се од друга општина, Крушево, а 72 се од Општина Прилеп. Во моментов хоспитализирани на Инфективното одделение се 12 пациенти, од нив се 6 потврдени со корона вирус, 3 се сомнителни и за нив се чекаат резултати, а 3 се примени вчера. Двајца се со потешка клиничка слика и се на кислородна поддршка. Текот на болеста се менува, па ако има влошување на нивната состојба тие ќе се транспортираат во Скопје, бидејќи состојбата се менува од час во час, рече Татјана Мургоска Станимировиќ, епидемиолог од Центарот за јавно здравје Прилеп.

Брзиот пораст на бројот на позитивни во Прилеп се должи на локалното ширење на корона вирусот, и практично неможноста да се утврдува нултиот носител, зашто не станува збор за типично следење на раширувањето на болеста.

 

– Сега сме веќе во втора фаза на епидемија кога имаме постојано пораст на бројот на заболени, а имаме и многу асимтоматски случаи и од тие асимтоматски не можеме да знаеме колкав е бројот на новозаразени луѓе. Ние откриваме нови случаи, но и самите не знаат, односно не даваат податок, не знаеле, дека биле со некој кој што имал симптоми, зашто можеби се заразиле со некој асимтоматски. Во оваа фаза има случаи кога не можеме да го утврдиме изворот на заразата. На почеток го следевме синџирот на инфекција, и така ги детектиравме тие кластери или групи, но во моментов ни излегуваат нови кластери од тие први новозаразени, сега се заразуваат членови на нивни семејства, се заразуваат нивни контакти на работните места… Сега имаме многу такви кластери со многу лесна асимтоматска слика, особено во компаниите. Имаме лица за кои што кога се враќаме наназад и ги правиме епидемиолошките истражувања. Не можеме никого да обвинуме зашто е многу тешко да се утврди оној прв случај, дали бил тој асимптоматски, дали тој поминал со благи симптоми на настинка, а има многу такви кои ние сега ретроградно ги откриваме, па ќе откриеме член од неговото семејство со јасно изразени симптоми на корона вирус, објасни Татјана Мургоска Станимировиќ, епидемиолог од Центарот за јавно здравје Прилеп.

Во домашен карантин, заклучно со вчера се наоѓаат 260 лица, но овој број, според Станимировиќ ќе биде многу поголем со оглед на новопотврдените 14 случаи. Инаку, болеста си има свој тек, се развива низ 4 фази. Прилеп само што ја помина првата фаза, во оваа етапа се очекува пораст на бројот на заболени. Според здравствените власти, овие бројки на позитивни случаи биле очекуван пораст.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: