9.3 C
Прилеп
петок, 18 октомври, 2024
Пела Радио

Спортски клуб со големо срце, ЏК Сеишин со уште една донација за прилепската болница

Џудо Клубот Сеишин Прилеп денес повторно учествуваше во хуманитарна акција за Општата болница „Борка Талески“ Прилеп. Станува збор за скромна донација во рамките на нивните можности но, прекупотребна за пациентите и за медицинскиот персонал. „Спортистите секогаш треба да бидат пример за хуманост, разбирање и помош кога е најпотребно и да подадат рака во вистински момент. Џудо клубот Сеишин Прилеп упатува Апел до сите сограѓани, здруженија, правни и физички лица да се вклучат во ваквите хуманитарни акции кои се потребни во овие тешки моменти, будејќи само заедно сплотени можеме да го победиме ова зло“, велат од раководството на клубот.

ЏК Сеишин и досега е во првата линија со позитивни одговари на повиците за помош во борбата со корона вирусот. Пред само неколку денови членови од клубот се приклучија во донацијата организирана од прилепскиот еснаф, фризери, бербери и козметичари.

Би можело да ве интересира

(ГАЛЕРИЈА) Пивофест- прва вечер: Дани, Бени, Зен и Џајковски

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО) Петти ден пензионерски протести во Прилеп, Извршниот одбор на Сојузот на пензионерите не поддржува протести

Гордана Цветаноска

Снегот предизвика проблеми во сообраќајот-забрана за движење на камиони на Ѓавато

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе