9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Средби на советниците и медиумите

Деновиве во рамките на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата“, кој е поддржан од ifa/Zivik Федерална канцеларија на Сојузна Република Германија, се одржаа четири средби на советници и медиуми и тоа во Битола, Ресен, Штип и Велес.

На овие средби присуствуваа советници и претставници на медиуми, а имаше и претставници на општинска администрација и граѓански организации. Всушност на овие средби се разговараше за улогата на советниците во пренесувањето информации до граѓаните, но и за улогата на медиумите во пренесеувањето информации.

Посебно се разговараше за предизвици со кои се среќаваа советниците восоработката со медиумите и информирање на јавноста.

Во сите општини имаше интерес за соработка меѓу советниците и медиумите.

Би можело да ве интересира

„Маѓепсан круг“- театарска претстава за спречување на трговијата со луѓе

Пела Редакција

МАНИФЕСТАЦИЈА „МЛЕКО 2022“, ЗБИРНО МЕСТО КАЈ ГРАДСКИОТ СААТ

Гордана Цветаноска

Ученици од ООУ „Манчу Матак“-Кривогаштани во посета на Радио Пела

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе