11.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Стара Нова Година да ја дочекаме заедно, поканува Општина Прилеп

Во организација на Општина Прилеп на 13.01.2022, на платото кај Саат Кулата ќе се одбележи доаѓањето на Новата година според јулијанскиот календар.

Пред големиот православен празник Свети Василиј, меѓу народот познат како Стара Нова година, Општина Прилеп ги поканува  граѓаните во периодот од 11.00 до 13.00 часот да дојдат на плоштадот кај саатот и да се почестат со парче бурек, варено вино или чај, кои ќе бидат поставени на места специјално подготвени за таа намена.

Производите што ќе се делат се обезбедени од страна на неколку општествено одговорни компании: Пекара Џулијано, Фурна Маја, Фурна Алекс и Винарија Пирган, Ресторан Стара Чаршија.

Би можело да ве интересира

Филмот „Бизнисот на задоволството“ ќе биде прикажан во Прилеп

Пела Редакција

Од 01.01.2025 година задолжителни регистарски таблички со ознака или налепница НМК

Пела Редакција

ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ! 8

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе